Три совети за слабеење од тренерот на Адел

ИЗВОРСкопје24
|

Адел ослабе 45 килограми и привлече внимание со нејзиниот изглед – сите се прашуваат која е тајната за нејзиното слабеење. Нејзиниот поранешен тренер Пит Герасимо откри три клучни чекори во процесот на слабеење. Пит соработуваше со Адел во период од 4 години, додека таа не се пресели во Лос Анџелес во 2016 година.

„Мојот совет за сите коишто сакаат да внесат промени во својот живот е да ги променат животните навики од корен, а пред сè да бидат трпеливи“, рече Пит.

Три клучни фактори кои го определуваат вашиот успех се: урамнотежен план за исхрана, редовно вежбање, верба во себе.

„Да се биде здрав е многу полесно отколку што мислите“, вели тренерот.

„Тренингот треба да биде дел од вашиот живот за да се чувствувате многу подобро и со леснотија да ги извршувате секојдневните активности“, вели Пит. Тој додава дека е многу важно да уживате додека вежбате и да изберете вежби кои одговараат на вашиот карактер.