Триглав Осигурување Живот во првиот квартал од оваа година го задржа трендот на континуиран и динамичен раст и значително зголемување на премиите. Заклучно со март, 2022 година, Компанијата забележала раст на премијата од 145% со што го задржа приматот на најголем раст на пазарот на животно осигурување. Согласно бројот на продадени полиси, оваа Компанија, во првиот квартал успеа да надмине 60% удел на пазарот со продадени над 8.000 полиси за животно осигурување. Компанијата го удвоила и пазарниот удел на 17% што е двојно поголемо остварување во однос на минатата година. Силниот акцент и соработки со неколку македонски банки во доменот на банко осигурувањето е една од причините зошто оваа Компанија забележа силен продор на македонскиот осигурителен пазар.
Неодамна, Агенцијата за супервизија на осигурувањето објави дека за прв пат во 16 годишното постоење на животното осигурување вложувањата на граѓани надминале 2 милијарди денари (32,5 мил.евра) во 2021 година. Бројот на лица кои имаат животно осигурување надминал 260.000 на крајот на 2021 година додека вложувањата во животно осигурување лани се зголемени за 261 милиони денари (4,2 мил.евра) во однос 2020 година.
На пазарот за животно осигурување работат пет компании а овој домен на осигурување е најголем помеѓу сите останати класи на незадолжително осигурување. Вклучувањето на банките како канал на продажба во изминатите години значително влијаеше овој сектор забрзано да се развива, и по премија и по број на корисници на животно осигурување.
|