Трик со кој вашите плочки ќе блескаат: Потребна ви е само една свеќа, а резултатот е феноменален

ИЗВОРСкопје24
|

Изгледа дека без оглед на тоа колку сме добри домаќинки, го чистиме домот и сме уредни, просторот меѓу плочките секогаш ќе фаќа бигор и нечистотии, па најпрво ќе биде бел, потоа сив, а на крајот речиси црн.

Откако добро ќе ги исчистиме плочките тие изгледаат одлично, но веќе после неколку дена меѓу нив започнува да се појавува нешто сиво налик на прашина, кое на крај ќе стане црно. Овој одличен трик може да не спаси од тоа, а се што ви е потребно е една бела свеќа.

Откако следен пат ќе ги исчистите плочките, оставете ги добро да се исушат и земете една бела свеќа и со неа истријте го меѓупросторот, односно фугите.

Како функционира овој трик? Свеќите се водоотпорни, па на вашите плочки и на фугите ќе остават слој кој ќе ви помогне вашите плочки подолго време да останат чисти.

Пробајте го овој трик на следното чистење, ќе бидете благодарни за идејата бидејќи навистина ќе ви олесни и вие нема да има потреба толку често да ги чистите плочките. Трикот можете да го употребувате на секое детално чистење на плочките. Погледнете ја практичноста на овој домаќински трик: