Трикови за слабеење: Еве како да не јадете по 18 часот

ИЗВОРСкопје24
|

Доколку сакате да постигнете идеална тежина потребно е да се спремите за да може да направите физички промени на телото.

Нутриционистите советуваат да не се јаде по 18 часот.

Во продолжение ќе ви понудиме неколку совети како да се справите со своите искушенија во доцните часови.

Една од опциите е да залепите фотографии од крупна и актрактивна девојка на вратата од фрижидерот. Токму овие фотографиите ќе ви помогнат да не посегнете по парче торта. Гледајќи ги двете фотографии ќе мора да одлучите која од нив сакате да бидете во иднина.

Втора опција е медитација. Со тоа ќе научите да ги контролирате телото и умот.

Доколку не можете да издржите, наш предлог е да изберете протеини. Ако одлучите да не јадете по 18 часот, вечерата треба да ви биде во 17 часот, а тоа значи и дека ќе треба порано да си легнувате.

Доручекот треба да ви биде збогатен со житарки, цедени сокови и чаеви, а по враќањето од работа гледајте да го исполните времето со домашни обврски, кои ќе ви го оттргнат вниманието од потребата за храна.

Исто така можете да јадете јаболка или да пиете јогурт пред легнување. Од овие намирници нема да имате проблем со вишикот килограми.