Иако сме во екот на летната туристичка сезона, високите температури во Грција ги принудија властите да воведат мерки за заштита на населението и туристите.
На популарниот остров Тасос е забранет пристапот до одредени плажи поради екстремните горештини и ри зикот од пожар, јавуваат локалните медиуми.
Плажите кои денеска не смеат да ги посетуваат туристите се Порто Вати, Мермерната плажа и Рајската плажа. Освен по плажите, ограничен е сообраќајот и на одредени шумски патишта, а се препорачува да не се оди во селата во внатрешноста на островот, како Теологос, Казавити, Кастро, Мариес…
Се молат туристите да ги применат сите мерки за заштита од пожари. Поради сушата и силните ветрови, ризикот од пожар е многу голем, особено во јужна Грција. Оваа состојба ќе трае неколку дена, предупреди грчкото биро за метеорологија, а пренесува Новости.
Според сведоштвата на нашите туристи на социјалните мрежи, пожарникарите го затвориле патот кон одредени плажи и не дозволуваат поминување.