ТРИУМФАЛЕН ВИКЕНД СО ОСВОЈУВАЊЕ НА 7 НАГРАДИ НИЗ СВЕТОТ ЗА “ГОСПОД ПОСТОИ, ИМЕТО И’ Е ПЕТРУНИЈА”

ИЗВОРСкопје24
|

Фантастичен триумф за “Петрунија” за овој викенд каде на три фестивали низ светот освои седум награди.

Започнувајќи со Филмскиот фестивал во Мароко, Salé Women Film Festival, Петрунија освои три награди. Специјалната награда од жирито за режија, ја доби нашата режисерка Теона Стругар Митевска, наградата за најдобар актер ја доби прекрасната Зорица Нушева и главната награда доделена од УНЕСКО ја доби македонскиот филм Господ постои, името и е Петрунија, која ја споедулува со грчкиот филм Нејзината работа на Никос Лабот. Апсолутен фаворт на фестивалот во Мароко беше Петрунија, каде што беше одлично примен од страна на публиката, жирито, филмските професионалци и новинари. (http://www.fiffs.ma)

После Мароко, во наша соседна Србија, на штотуку завршениот Интернационален фестивал посветен на филмска режија, Петрунија понесе две награди. Главната награда за најдобра режија ја доби Теона Стругар Митевска, која е и парична награда во висина од 4000 евра, и наградата за најдобра глумица ја доби нашата Зорица Нушева. (https://liffe.rs)

Во Словенија на Филмскиот фестивал во Порторож посветен на словенскиот филм, наградата за најдобар филм за малцински копродукции во конкуренција од одлични осум филма, (српскиот Шавови, хрватскиот Дневникот на Диана Бедисављевиќ) Златната Весна ја доби македонскиот филм Господ постои, името и е Петрунија. (http://www.fsf.si/2019/). На фестивалот на овој наш филм му беше доделена и уште една награда и тоа од Здружението на уметнички кина на Словенија. Со овие две награди Петрунија може да се каже дека ја освои и Словенија, како што целосно ги освои жиријата насекаде во регионот и секаде каде што беше во натпреварувачка програма се закити со највисоки признанија.

На истекот од летото по само седум месеци фестивалска турнеја Петрунија апсолутно го освојува светот, со досега освоени 21 награди и кино дистрибуција во 35 земји. Да издвоиме дека есенва ќе отвори во редовниот кино репертоар во големите пазари на Италија, Германија, Шпанија, Полска, како и во соседна Грција.

Со голема радост ќе продолжиме да ја информираме македонската јавност за огромните успеси кои “Петрунија” како еден од најуспешните македонски филмови секојдневно ги постигнува низ светот!