„Трудот и волјата за работа не познаваат разлики“: Ресторан во Скопје вработува лица со Даунов синдром и попреченост

loading...

Ресторан лоциран во Лептокарија објави оглас за вработување со кој се охрабруваат сите лица со попреченост и Даунов синдром да аплицираат за работа, бидејќи како што велат тие, „трудот не познава граници“.

„Ги охрабруваме лицата со Даунов синдром и попреченост и да се јават на нашиот оглас! Трудот, желбата и волјата за работа не познаваат разлики. Нашиот тим има потреба од амбициозна личност, а насмевката, желба за работа и позитивна енергија се нашите критериуми!“ – пишува во огласот.

Сите заинтересирани можат да се обратат за информации на телефонот за контакт: 071/257-561.

Огласот наиде на бројни позитивни реакции низ целата држава.