Туна Сејдиу одби да даде изјава за македонските медиуми!

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Туна Сејдиу која пред повеќе од една година стана мајка и се повлече од музичката сцена деновиве во Македонската филхармонија го промовираше новиот албум кој го носи името „Фортуна“. Станува збор за материјал на албански јазик, а истиот беше претставен во живо, во рамки на самата промоција на која што беа собрани сите нејзини соработници, пријатели и медиуми од Косово и Приштина.

Пејачката облечена во црн долг фустан се појави на сцената и им се заблагодари на сите присутни,но за изјави и интервјуа не беше расположена.

Со оглед на фактот што Туна за македонските медиуми не беше достапна за разговор и повеќе од јасно е дека овој пазар воопшто и не ја интересира и е насочена исклучиво кон Косово и Албанија.

Во првите редови на промоцијата беа сместени политичарите од ДУИ, но и Дарко Димитров кој што е автор на повеќето теми.

Последно нешто што слушнавме од неа на македонски јазик беше темата Со еден збор која ја сними во 2008 година.

После тоа Туна издаде голем број на синглови на албански јазик,а во 2012 година беше дел и од албанското музичко шоу Икс Фактор каде беше судија.

Што точно се случи, погледнете од интервјуто на Бекстејџ