Турбулентен период е пред нас, тврди најпознатиот руски астролог: Пазете се на овие датуми

ИЗВОРСкопје24
|

Со оглед на тоа што сме во престапна година, можни се многу пресврти, тврдат астролозите. Секој лош потег ќе ве чини скапо, вели Наталија Михаилова.

Постои мислење дека во текот на престапна година, како што е 2020, се случуваат големи пресврти на сите полиња. Најчесто е карактеристично присуство на силна енергија и сериозни трансформации. Од една страна носи со себе големи загуби, додека од друга носи и големи прилики за напредок.

Астролог Наталија Михалова кажува каква ќе биде годината и во кој период треба да се помириме и да не донесуваме ненадајни одлуки.

„Постои оправдано верување дека оваа година ќе биде година на големи кризи. 2020 започна со големо затемнување кое траеше од 26 декември 2019 до 10 јануари 2020. Овој тунел со затемнување е одговорен за рамнотежата на духовните, материјалните и моралните интереси во текот на наредната година, па поради тие причини се можни болни периоди, загуби и конфликти.”

Оваа година може да се опише како сложена. Ќе постојат периоди кои се поволни за некои одлуки, но ќе има и онакви во кои е најдобро да не се прави ништо и да се дозволи природниот тек на нештата.

На пример, деновите од 24 јануари до 30 март се идеални за реализирање на работните идеи, различни проекти и преговори. Спред зборовите на Наталија, ова е време кога би требало да ја „зграпчите среќата” и да го остварите сѐ она што долго сте го посакувале.

Март е одличен за усовршување и стекнување на нови знаења, како и за патувања.

Од 14 март започнува ретроградниот период и трае се до 13 септември. Ретроградниот Јупитер го успорува решавањето на правните прашања, ги успорува социјалните односи и генерално не е добар период за започнување на нови нешта. Избегнувајте го инвестирањето во овој период, затоа што нема да заврши славно. Ова време е најдобро да се посветите на духовниот развој.

Можна е и финансиска криза на светско ниво, предупредува астрологот.

Сатурн исто така ќе активира разни одложувања, пречки и сопирачки на личниот пат. Во овој момент е добро да развиете самодисциплина и трпение.

Од 13 мај до 25 јуни обрнете внимание на зборовите што му ги изговарате на вашиот партнер бидејќи полето на љубовта ќе биде на удар.

Уште еднаш ретроградниот Јупитер стапува на сила од 14 септември до 14 ноември, кога би требало да обрнете внимание на сообраќајот.