Турскиот „Бали Бег“ го промени изгледот: Тешко би го препознале ваков (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Турскиот актер Бурак Озџивит кој е еден од најубавите турски актери, го освои целиот Балкан со улогата на Бали Бег во серијата „Сулејман Величествениот“, но својата популарност во нашата држава ја зголеми и со улогата на Кемал од „Карасевда“.

Актерот од секогаш важеше за заводник, но ергенскиот живот го остави зад себе пред неколку години кога стапи во брак со неговата прекрасна колешка Фахрие Евџан попозната како Неџла од „Кога лисјата паѓаат“.

Актерот од овој брак пред две години доби син, а од тогаш целосно го промени својот живот и еден период паузираше од својата кариера. Сега заводникот ги изненади фановите со нова трансформација на изгледот која ја покажа со нови фотографии на Инстаграм.

Имено, Бурак ја смени фризурата, пушти подолга брада а сега носи и малку пократка коса, исто така неодамна ги ишиша и шишките. Дали се работи за нова филмска улога или промена на личниот имиџ останува да видиме. Погледнете како изгледа сега:

Како ви се допаѓа повеќе?