Турскиот готвач кој очајно трчаше да се слика со Аргентинците, ја доби и првата забрана (ФОТО)

|

Турскиот готвач Нусрет Гокче, познат како „Солт Бае“ и после неколку дена се уште е во центарот на вниманието откако се споделуваа видео снимки на кој се гледа дека ги вознем ирува фудбалерите на Аргентина по церемонијата на доделување на пехрот од СП.

Имено, иако е забрането пехарот да биде допиран од било кој друг освен од оние кои го освоиле, на Нусрет Гокче тоа не му беше грижа, па тој по малку агр есивно бараше да се слика со дел од аргентинските фудбалери и пехарот, кои пак со кисели насмевки беа во негово присуство. Она што најмногу се прошири во јавноста беше токму видеото на кое Меси три пати го одбива за фотографија, додека Нусрет го повлекува за раката.

Голем дел од јавноста беше гневна на ваквото однесувањето на турчинот, а токму поради тоа почнаа шпекулации дека ќе му биде забранет влезот на следниот Мундијал. Засега ѕоа не е потврдено, но во меѓувреме стигнуваат други забрани.

Првата забрана за турскиот готвач доаѓа од „Ју Ес Опен Куп“ кој објави дека на „Солт Бае“ му е забранет влез за финалето.