Уапсен бегалец од затворот Идризово… Арачиновец сакал да подигне кредит во име на братот…

|

На улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, вчера околу 15.15 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 29-годишниот З.И. од гостиварско Дебреше.

Од МВР денеска информираа дека тој бил осуден на казна затвор од три години за сторени кривични дела по член 235 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на затворска казна од една година и девет месеци.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната

Жител на Арачиново се сомничи дека се обидел со личната карта од својот брат да подигне кредит.

-Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш. Б. (39) од с. Арачиново, Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама при добивање кредит или друга погодност по член 249 од Кривичниот законик. На 9.12.2022 пријавениот ја употребил личната карта на својот брат и се обидел да доведе во заблуда вработен во финансиско друштво и на тој начин да подигне кредит во негово име. Лицето не успеало во намерата и по преземените мерки, поднесена му е пријава, соопштуваат од МВР.