Убавата манекенка Кристина го промени изгледот – како ви се допаѓа повеќе?

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската манекенка Кристина Димитриевска воодушевува со својот изглед каде и да се појави. Димитриевска досега се закити со неколку награди, меѓу нив Мис на Балканот и Мис карантин во светот.

Манекенката е активна на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии позирајќи за своите професионални цели, ги известува оние кои ја следат што има ново.

Овој пат Кристина изненади со промена на нејзиниот изглед, односно манекенката ја промени бојата на својата коса.

Таа со новиот имиџ веднаш се пофали на социјалните мрежи, а истакна дека за промената се препуштила на рацете на на кралот во нашата земја, фризерот Марјан Петров.

-Доколку правите промена.. тогаш промената нека биде на подобро!“, пишува мисицата во описот на фотографијата.