Убавата тенисерка Симона Халеп се омажи за 13 години постар македонски бизнисмен

ИЗВОРСкопје24
|

Тениската ѕвезда Симона Халеп се омажи за македонскиот богаташ Тони Ирук кој е 13 години постар од неа. Среќната двојка во средата организирала раскошна венчавка во нејзиниот роден град Констанца.

Фотографиите од церемонијата ги сподели 29-годишната Симона на Инстаграм, каде што ја следат 1,6 милиони луѓе. На венчавката присуствувале семејството и пријателите. Романските музички sвезди Ден Битман и Лоредана пееја за нив на венчавката.

42-годишниот Ирук е познат бизнисмен и сопственик на неколку компании, а по потекло е од Македонија. Симона планирала датум за венчавката веднаш по УС Опен, каде се пласира во четвртфиналето.