Ублажете ги темните подочници со само две состојки од кујната

ИЗВОРСкопје24
|

Темните подочници се кошмар за повеќето жени, но можете лесно да ги елиминирате. Потребни ви се само две состојки, кои сигурно ги имате во кујната.

Свежите лисја од нане и маслиновото масло се магичен рецепт за оваа „болка“. Измијте ги лисјата од нане и исецкајте ги во блендер. Додадете половина лажичка масло во добиената смеса.

Измешајте сè добро за да добиете густа смеса. Нанесете ја пастата на пределот околу очите и оставете околу 30 минути. Исплакнете го лицето со млака вода и исушете го.

За целосен ефект, можете да нанесете хидратантна крема.