Учесник во „Никогаш не е доцна“ ја раскажа својата тешка животна приказна – го гледаа со солзи во очите (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Често се случува учесниците во реалните шоу програми да се пријават токму поради својата неверојатна животна приказна, како мотив за успех, исполнување на нечија последна желба или во чест на некого. Горан Филиќ – Гогац, кој е учесник во музичкиот натпревар „Никогаш не е доцна“, има 53 години за време на неговото појавување на сцената ја раскажа својата тешка животна приказна поради која никој не остана рамнодушен.

Имено, Горан имал тежок хируршки зафат, кога во март минатата година му е направена трансплантација на срце, па тој ја искористи приликата да се заблагодари на семејството на неговиот донор.

– Благодарение на семејството на момчето кое ми го подари своето срце, јас сум вечерва овде, со ново срце – рече тој. Водителот на ова натпреварување, Жика Јакшиќ, беше љубопитен, па Гогац да му објасни како дошло до трансплантацијата.

– Момчето беше 15 години помладо од мене, тој повеќе не е со нас, па неговите родители ми го донираа неговото срце. Не се знаеме, можеби преку оваа емисија ќе дознаат за мене и ќе ги сретнам и запознаам. Сакам да знаат дека срцето на нивниот син чука во мене и дека ова е наш заедничка успех, на нивниот син и на мене – рече натпреварувачот, а Жика Јакшиќ видно возбуден и понесен од емоциите едноставно не можеше да ги задржи солзите.

„Ти си доказ дека хуман гест направен од луѓе значи дека тоа е добро завршена работа. Вашата енергија е прекрасна. Денес ја слушаме песната на мојот омилен бенд „Генерација 5“ – „Доаѓам за 5 минути“ – рече Маре. Погледнете како изгледаше овој емотивен момент во „Никогаш не е доцна“: