УХМР: Какво време не очекува во следните четири дена

ИЗВОРСкопје24
|

Според најновите информации од УХМР времето утре во државата ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне во западните делови каде локално ќе наврнат над 20 л/м2. На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува да се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Во продолжение погледнете какво време не очекува во деновите потоа:

Прогноза за 27.11.2021 – Минимална температура: 2°C до 8°C. Максимална температура: 11°C до 16°C. Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 28.11.2021 – Минимална температура: 3°C до 9°C. Максимална температура: 12°C до 18°C. Променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец.

Прогноза за 29.11.2021 – Минимална температура: 3°C до 8°C. Максимална температура: 8°C до 16°C. Променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец. Попладне на планините врнежите ќе преминуваат во снег.