Времето денес (07.08 2022 год.): Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 37 степени. УВ=7
Времето и метеоролошки параметри за Скопје: сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер североисточен ветер. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. T= 34 °C, P= 977 hPa, U= 35 %, V= 4 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Попладне претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. УВ=8