УХМР со вонредна временска прогноза: Од утре засилен ветер, a од четврток спремете се за дожд и снег

ИЗВОРскопје24
|

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност, ќе дува слаб ветер, а вдолж Повардарието умерен од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени, информира УХМР.

Утре ќе преовладува поладно време со засилен ветер од југозападен правец, особено во западните делови каде на места ќе достигнува и над 70 километри на час. В четврток и петок времето се менува и ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Дневните температури ќе се движат во интервал од -1 до 9 степени.

Имено, уште неколку дена и ќе се збогуваме со најкраткиот месец во годината и полека ќе зачекориме во месец март, па сме чекор поблиску и календарски до пролетта.

Март знае да биде променлив. Ако еден ден има сонце, наредниот може да има дури и снег. Не за џабе старите рекле Марта со триста ума.

Месецот ќе го започнеме сончево, понатаму ќе имаме доста променливо време. Еве ја деталната временска прогноза за цел месец според АccuWeather.