УХМР: Утре ветер и дожд, а потоа следи стабилизација на времето

ИЗВОРСкопје24
|

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините на северозапад со врнежи од снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14 степени.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, повеќе врнежи ќе има во крајните западни и источни делови.

Кон крајот на денот и во текот на ноќта во југозападните делови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Долж Повардарието ќе дува засилен северозападен, а во западните делови повремено и силен западен ветер од над 70 километри на час.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и студено со услови за повремен слаб дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Утре претпладне на места се уште ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег, а во текот на денот облачноста ќе се намали и ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Потоа, најавуваат од УХМР, сладува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските до недела на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината.