УХМР: Временска прогноза за следните четири дена

ИЗВОРСкопје24
|

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој вдолж Повардарието на места ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен. Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. T= 29 °C, P= 978 hPa, U= 28 %, V= 4 m/s.

Најавите според УХМР за утре се умерено до значително облачно и топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта претежно во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Во продолжение погледнете ја временската прогноза и за следните три дена:

Прогноза за 02.05.2021 – Минимална температура: 11°C до 17°C
Максимална температура: 24°C до 33°C. Променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови претежно на запад ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, во западните делови засилен југозападен ветер.

Прогноза за 03.05.2021 – Минимална температура: 7°C до 15°C
Максимална температура: 20°C до 31°C. Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 04.05.2021-  Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 17°C до 25°C Променливо облачно со локални врнежи од дожд, претежно во попладневните часови.