УХМР: Времето денес променливо облачно со врнежи од дожд

ИЗВОРСкопје24
|

Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне во западните делови со врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и ќе се интензивираат, информира УХМР.

Ќе дува слаб, во источните делови, умерен ветер од југоисточен првец. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

За овој викенд синоптичарите најавуваат врнежлив викенд. Променливо и облачно време е пред нас а западот очекува намногу врнежи кои ќе се шират насекаде посебно ноќеска.

Скопската и струмичката котлина се разбудија со магла а температурите денеска ќе достигнат максимални 23 степени.

Облачно ќе биде и во Скопје а врнежите ќе се позачестени од ноќта со температури до 19 степени.

Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а од вторник попладне и во следните денови ќе има нови врнежи од дожд.