УЈП ја објави листата на должници – Проверете дали сте на неа

ИЗВОРСкопје24
|

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.09/2020 за долгови доспеани до 31.05.2020 и неплатени до 31.08.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб страницата на Управата за јавни приходи согласно член 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, Ве молиме да се обратите до:

– надлежната Регионална дирекција на УЈП (види контакт) – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;

– Царинска управа на РСМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.

– На Листата на должници бр.09/2020 објавени се 1.989 должници – правни лица (повеќе за 224 од последно објавената листа) и 2.481 физички лица (повеќе за 160 од последно објавената листа*).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.09/2020 изнесува 9.386.752.292 денари, повеќе за 410.127.980 денари од последно објавената листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.333.529.912 денари (повеќе за 542.157.766 денари од последно објавената листа), додека долгот за царински давачки е 53.222.380 денари (помалку за 132.029.786 денари од последно објавената листа). * последно објавената Листа на должници-03/2020

Листата може да се преземе со клик на следниот ЛИНК.