Украл автомобил од паркинг во Скопје – полиција го приведе

ИЗВОРСкопје24
|

На 17.07.2021 по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистички работи Ѓорче Петров приведен е Е.Х.(34) од Скопје, поради тоа што истиот ден од паркинг покрај пазарчето во Ѓорче Петров одзел патничко моторно возило „југо 45“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Т.П.(65) од Сарај.

Возилото е пронајдено во с.Рашче и вратено на сопственикот и со ова е целосно расчистено кривично дело по член 242 од Кривичниот законик „одземање на моторно возило“.

По документирање на случајот против Е.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.