Уметничка резиденција во Кино Култура на Соња Преград и Марко Гутиќ Мижимаков од Хрватска во организација на здружение на граѓани Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата

ИЗВОРСкопје24
|

Во рамки на програмата „Современа кореографија и танц” на здружението на граѓани Локомотива – Скопје во Кино Култура – проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура, во периодот помеѓу 31 август и 9 септември 2019 година, ќе се реализира уметничка резиденција на хрватските уметници Соња Преград (кореограф/изведувач) и Марко Гутиќ Мижимаков (визуелен уметник/изведувач).

Уметничката резиденција ќе опфати уметничко истражување проследено со јавна презентација и изведба на авторски перформанси на поканетите уметници.

Во Кино Култура, од 31 август до 9 септември Преград и Гутиќ Мижимаков ќе реализираат уметничко истражување во рамки на една хипер-/хипо/-кореографија – точка на состанување помеѓу соматското и дигиталното – преку креирање на замислен пејзаж на комуникација помеѓу нив. Предлог за преиспитување на она што се смета за „виртуелна реалност“. Барајќи потенцијал за субверзија тие сакаат да истражат што значи сензитивноста, и што ја придвижува сензитивноста во трепкачката слика која е претставена како хипер-реална. Како уметници кои творат во два различни медиума, танцот и движењето – како домен на Преград и филмот, видеото и 3D анимацијата како домен на Гутиќ Мижимаков, за нив претставува простор со голем потенцијал за истражување, базирано на пракса преку креирање на екосистем, заснован на меѓусебната зависност на двата спротивни медиуми. Тие во рамки на истражувањето ќе работата на изградба на овој хипер-/хипо-/дигитално-кореографски пејзаж од три насоки: танц, слика и колектив. На 9 септември ќе следи јавна презентација на резултатите од истражувањето.

На 3 септември во Отворено графичко студио, Соња Преград ќе го изведе и своето дело, перформансот „Carnival tent rusts in the evening breeze – un/packing of objecthood”. „Carnival tent rusts in the evening breeze – un/packing of objecthood” функционира истовремено и во спротивност како перформанс, и како изложба. Во него 9 „предмети” се изложени/изведени – перформанс како објект што се состои од време, предмети позајмени од публиката, риенактмент на перформансот „Meeting Point” на хрватската уметничка Сања Ивековиќ, пишување на ѕид, тинејџерски дневник од 1991, облека купена во хрватската фабрика за текстил во банкрот – Каменско, шеќерни коцки и танцот како предмет. Изведувачот/авторот/кураторот поттикнува игра каде предметите се релации, релациите се движења и движењата се предмети.

На 4 септември во Кино Култура, Марко Гутиќ Мижимаков, ќе го изведе и своето дело, перформанс „Друговање (во соработка MarQ2)”. Со само една страна и една маргина вие заличувате на шише „Klein bottle” или Мобиус-ова лента. Како да нема внатрешност или надворешност, вашето тело – налик на полигон танцува заедно со пикселите на LCD екранот. Постојано преговарање и преносот на информација помеѓу GPU и CPU. Полигоните од вашата кожа како сплет на мрежи на која се истегнуваат и искривуваат разнолични текстури и работи кои изгледаат органски, само кога се осветлени од зрак од гледна точка на хипотетичка камера, анализирано од рендерирачки погон, кој ве процесира во фоторелаистична форма. Форма во која јас ве препознавам.

Биографии на уметниците:
Соња Преград (Загреб/Берлин) е кореографка, изведувач и професор со завршени магистерски студии на Соло/Танц/Авторство на Universitaet der Kunste Berlin и диплома на ArtEZ Arnhem. Нејзините соло дела и соработки со Willy Prager, Silvia Marchig, Marjana Krajač и многу други се изведени на фестивали во Германија, Хрватска и во останатиот дел од Европа. Таа како изведувачка се појавува во делата на Meg Stuart, Boris Charmatz, Sanja Iveković, Isabelle Schad и други. Од 2007 година таа е една од ко-основачите и организаторите на фестивалот IMPROSPEKCIJE. Таа предава на програмата SMASH Berlin program и the Academy for Fine Arts, Department for Animated Film and New Media. Таа е добитничка на наградата Croatian Theatre Award за најдобар женски перформанс и најдобро дело во 2018 за претставата In here and Out there и специјално признание на 26th Slavonian biennale за делото Carnival tent.
Марко Гутиќ Мижимаков, роден е 1992 година. Завршува мастер програма New Media from the Academy of Fine Arts во Загреб. Тој работи, игра, истражува и експериментира преку видео, 3D анимација, перформанс и инсталација. Тој прави разлика помеѓу дигиталното и виртуелното и е вовлечен во теми за и од телото. Негови соработници често се уметници од изведувачките уметности. Тој работи и живее во Загреб, каде штотуку го иницираше проектот Čvorište/The Hub – виртуелен изложбен простор во форма на списание, придружувано од програма на експериментални, ефемерни и хибридни уметнички практики, организирани од G-MK. Од декември 2014 тој е близок познаник на The Best (Najbolja).

* * *

Програмата „Современа кореографија и танц” во Кино Култура – проектен простор за современи изведувачки уметности и современа култура на здружението на граѓани Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата е поддржана од Министерство за култура, Град Скопје и општина Центар.