Урнати мостови, поплавени над 700 станбени објекти и прекин на сообраќајот во Србија

ИЗВОРСкопје24
|

Урнати мостови, поплавени над 700 станбени објекти и прекин на сообраќајот на неколку регионални патишта. Ваква е сликата во соседна Србија по поплавите кои настанаа како последица на обилните врнежи. Во 8 општини во западниот дел на државата прогласена е вонредна состојба, а Љубовија и Гуча се најтешко погодени.

Опасноста се уште не е помината, а властите предупредуваат дека нивото на некои од реките дополнително ќе се зголемува.

Стотици луѓе од најпогодените општини се евакуирани.

Надлежните соопштија дека во некои места за сами три часа паднале 50 литри дожд, додека во последните две недели 150 литри. Огромната количина врнежи речните корита во тие делови на земјата не можеле да ги прифатат, поради што е дојдено до излевање и поплавување.