УРНЕБЕСНО: Дали ова е најдобрате македонска реклама досега? – Видео

loading...

Актерката Весна Бејби Петрушевска уште минатата недела на својот Инстаграм профил објави фотографија која веднаш стана вирален хит меѓу корисниците, а на неа се гледа Бејби како е облечена во нуркачко одело и влегува во реката Вардар во Скопје.

Под истата напиша „Овој пат на време се спремив“, алудирајќи на моментот кога нејзиниот автомобил минатата година падна во Вардар, па мораа да интервенираат и спасувачки екипи.

овој пат на време се спремив 🙃🙃🙃

A post shared by Vesna Petrusevska (@bejbimama) on

Сега ја дознавме и причината за таа фотографија. Се работи за нова рекламна кампања, во која Весна повторно се шегува на своја сметка, и вели дека морала со нуркање да влезе во водите на Вардар, за да си ги земе сметките за плаќање кои останале во автомобилот.

Погледнете ја оваа урнебесна реклама:

Од истата кампања ни доаѓаат уште две други исто така интересни реклами, а во нив главни ликови се Столе Стоилов и Раул Гонзалес каде се шегуваат за „лажниот цепелин“ и Драган Вучиќ во другата. Погледнете ги во продолжение:

(Н.Ј.)