Успешно се одржа денот без автомобили

ИЗВОРСкопје24
|

Денешниов ден го искористивме за ден без автомобили, односно „улици за луѓе“ што е една хумана мисија која ја зацртавме пред 4 години, а се однесува на одржливата урбана мобилност.

Она по што се разликува овој ден без автомобили од претходните е фактот што за прв пат во Скопје овој ден се организира надвор од Европската недела на мобилноста и за прв пат се затвора една градска улица во времетраење од 12 часа, за разлика од претходните затворања кои траеле симболични 2-3 часа.

Ова е само мал дел од резултатот од она што ние го работиме во изминативе три и пол години, надминавме над 100 километри добро организирани велосипедски патеки, а такво нешто ќе се случува и токму на оваа улица со нејзината реконструкција, која наскоро ќе биде велосипедски спој за граѓаните од Лисиче со новиот мост, стои во Фејсбук објавата на Градоначалникот Петре Шилегов.