За две недели уште четворица пациенти ќе го добијат лекот Трикафта, но не се знае кои. За останатите останува Владата преку преговори да го набави лекот. Не се знае точно кога, а се очекува до крајот на годината. Министерството за здравство и Детската Клиника за Телма велат, очекуваат Владата преку директните преговорите со производителот „Вертекс“ да преговара за пониска сума и до крајот на годината Трикафта да ја добијат повеќе од 30 пациенти.
Пациентите со цистична фиброза велат дека направиле голем чекор во борбата за сите пациенти да го добијат лекот и тука не запираат. Продолжуваат до остварување на целта, а тоа е сите пациенти да влезат во програмата и да го добијат лекот, а со усвојување на овие законски измени е надмината само една од многуте пречки за набавка на лекот.
Вчера пратениците ги изгласаа законските измени, а со тоа овозможија Владата да преговара директно со производителот Вертекс за набавка на лекот Трикафта.
Симона Петровска