Уште еден град во Италија продава куќи за 1€

ИЗВОРСкопје24
|

Ова не е прв пат град во Италија да го преплави пазарот за недвижности со куќи од по 1 евро со надеж дека ќе ја заживее локалната заедница

Уште еден прекрасен италијански град објави дека се продаваат куќи за 1 евро со цел да привлече купувачи од целиот свет кои се заинтересирани да инвестираат во недвижен имот.

Станува збор за малиот град Бизача кој се наоѓа во јужната италијанска провинција Кампанија на околу 130 километри од Неапол. Во моментов, таму се продаваат дури 90 куќи за 1 евро, пренесува BizLife.

Во Бизача, град длабоко погоден од емиграција и серија земјотреси, од кои последниот се случи во 1980 година, распоредот на домовите е таков што сите заедно треба да работат на нивната реконструкција.

Тука се соочуваме со многу специфична ситуација. Напуштената област се протега во најстариот дел од селото, каде напуштените куќи се буквално натрупани една до друга по должина на патиштата. Ова е причината зошто покануваме семејства, група на пријатели, роднини, луѓе кои се познаваат меѓусебно и инвеститори да ги здружат силите со нас и да купат повеќе од една куќа за да вдахнат живот во нашата заедница, вели заменик-градоначалникот Франческо Тартаглија.

Инаку, ова не е прв пат град во Италија да го преплави пазарот за недвижности со куќи од по 1 евро со надеж дека ќе ја заживее локалната заедница.

Некои градови во Италија претходно понудија и лабави ограничувања и даночни олеснувања како би ги охрабриле луѓето да купат.

Иако новите сопственици на куќи во Бизача ќе треба сами да ги реновираат дотраените домови, тие не се обврзани да го прецизираат износот или временската рамка на инвестицијата, што беше вообичаен услов кај другите италијански градови во кои се продаваа куќи по цена од 1 евро.