Уште еден силен земјотрес во Турција

ИЗВОРскопје24
|

Западниот дел на Турција, во близина на Измир, се случи нов земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот бил со епицентар 89 километри североисточно од Измир, и на 7 километри од градот Ахисар на длабочина од 7 километри.

Засега нема информации дали некој е повреден и дали е направена материјална штета.

Ова е уште еден од серијата на земјотреси кои во изминатите два месеци ја погодија оваа земја.

Инаку, Турција вчера ја погоди земјотрес со интензитет од 5,7 степени по Рихтеровата скала во регион на турско-иранската граница.

Земјотресот се случи во 05.52 часот по локално време на 101 километар источно од градот Ван, во Турција и 32 километри северозападно од иранскиот град Салмас. Земјотресот бил на длабочина од пет километри.

Според изјави на лица од локалното население, земјотресот траел околу 15-25 секунди.

Најмалку седум последователни земјотреси помеѓу 2,3 и 3,7 по Рихтер беа регистрирани во областа.