Уште една позната Македонка се проба како актерка во „Преспав“

ИЗВОРСкопје24
|

Во петтата сезона на „Преспав“ имавме можност да ја видиме Сара Мејс која ја глумеше Глорија, сеста на поранешната газдарица Преслава од Бугарија. Деновиве со прикажувањето на последната 20-та епизода заврши и петтата сезона која се прикажуваше на првиот канал на Македонската телевизија од 18 декември минатата 2020 година.

Последната епизода насловена „5 Г“ беше исто така уребесна како и претходните, а во истата покрај стандардната актерска постава, како репортерка се појави нашата позната макекенка Катарина Ивановска. Коста секако не пропушти да ја измерка од глава до петици, а Катарина одлично се снајде во улогата.

По крајот и на оваа сезона логично се редат прашањата од обожавателите дали ќе се снима нова шеста сезона од „Преспав“.

За потсетување, преспавци на крајот од последнат 20-та епизода имаа незгода, односно пансионот се запали.

Дали ќе успеат да го спасат или не изградат нов, оставуваат прашалници за следната сезона.