Уште една убавица од Македонија заблеска во „Ѕвездите на Гранд“ (ФОТО)

|

Очигледно во оваа сезона на најголемото музичко натпреварување на Балканот, „Ѕвездите на Гранд“ најубавите кандидатки доаѓаат од Македонија. Не е изненадување, затоа што во било кое талент шоу најквалитетните и најубавите кандидати доаѓаат токму од кај нас!

Во шоуто се натпреварува повеќе наши кандидатки но овој пат ја издвојуваме атрактивната скопјанка Андријана Петрушовска. Дефинитивно оваа наша претставничка може уште сега да ја прогласиме за една од најзгодните учеснички во ова шоу.

Исто така, Андријана се натпреваруваше и во музичкото шоу „Заблескај“ кое го организираше магазинот „Убавина и Здравје“.