Уште едно неверојатно големо име доаѓа во Македонија – Лени Кравиц со концерт во Скопје

loading...

Во рамки на европската турнеја која е по повод излегувањето на новиот албум „Raise Vibration“, LENNY KRAVITZ ќе го посети и Скопје на 3 мај во ВИП Арената, велат од Авалон продукција

Од сите земји во регионот, Скопје и Софија се единствените градови каде фановите ќе имаат шанса да го видат неверојатното шоу на Lenny Kravitz во indoor амбиент.

За ексклузивноста на скопското шоу доволно говори и фактот што во оваа турнеја не се опфатени градови како што се Белград, Загреб и Атина.

Целата европска турнеја на Lenny Kravitz, која ќе се одржи во месеците мај и јуни ќе биде објавена денес во 12 часот по централно европско време.

После минатиот албум „Strut“ кој што беше навистина извонреден, никој не очекуваше дека Lenny во толку краток период ќе се појави со уште едно толку квалитетно дело , но сепак “Raise Vibration“ е на ниво на неговите најдобри албуми досега, а последниот радиски хит “Low“ им е веќе добро познат на сите.

Концертите на Lenny Kravitz влегуваат во оние настани што се MUST SEE BEFORE YOU DIE бидејќи претставуваат врв во концертната лајв индустрија.

„American Woman“, „Are You Gonna Go My Way“, „Believe“, „Fly Away“, „Again“, „Let Love Rule“, „Chamber“, се само дел од хитовите кои ќе имаме можност да ги слушнеме во Скопје, во сала со капацитет од 8.000 посетители.

Сите детали околу влезниците за овој концерт ќе бидат објавени во понеделник навечер на страницата на Авалон продукција.

Леонард Алберт “ Лени “ Кравиц (англиски: Leonard Albert Kravitz) е роден на 26ти мај , 1964 год и е американски пејач, текстописец, мулти-инструменталист, продуцент, аранжер, чии што „ретро “ стил вклучува елементи од рок, соул, фанк, реге, хард рок, психодилична, фолк музика како и балади. Покрај пеењето и придружните вокали додека снима, Кравиц често свири на сите гитари, басови, бубњеви, клавијатури, ударни инструменти. Тој е познат по неговата секогаш добро наместена сцена и спотовите. Кравиц имал многубројни хитови на прво место на US Top синглови, и многу други пошироко во светот. Тој ја добиваше Греми наградата за “Најдобар машки вокален рок изведувач“ четири години по ред, од 1999 до 2002 година, рушејќи го рекордот со најмногу и нај непрекинати победи во таа категорија. Тој бил номиниран многу пати, и има добиено многу престижни награди како Американските Музички награди, МТВ Видео музичките награди, Радио Музичките награди, Британските награди и Блокбастер Ентертејмент наградите. Тој има продадено околу 38 милиони албуми низ светот .