Утре без струја и вода делови од повеќе општини во Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров и Кисела Вода, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 13:30 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од дел од улицата „Борис Сарафов”, спроти поранешна полиција, улиците „Борис Сарафов” зграда 2 и 4, „Крсто Раковски”, булеварот „Партизански Одреди” кон „ЈСП”, Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 08:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат корисниците од населбата Драчево: дел од улицата „Живко Фирфов” бр.85, 38, 40, 42, 44, 48, Општина Кисела Вода, а од 11:00 до 15:00 часот корисниците од населбата Драчево, односно улицата „Чупино Брдо”, Општина Кисела Вода.

Прекин на водоснабдувањето изутрина од девет часот имаат корисниците од улицата „Душан Тасковиќ“ од Гази Баба.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека прекинот на водоснабдувањето е поради дефект на огрлица ф-80мм на улица „Душан Тасковиќ“ бр. 47.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на активностите.