Утре целосно затворена за сообраќај една скопска улица, овие автобуски линии ќе бидат пренасочени

ИЗВОРСкопје24
|

Утре, сабота (28.09.2019 година), поради градежни активности на улица „Благоја Стефковски“ од 8 до 24 часот улицата ќе биде целосно затворена за сообраќај од потегот после Триангла (поделба кон Ченто и Маџари), се до пред завртувањето кон улица „Перо Наков“.

Од тие причини, линиите 50, 52, 53, 62, 63, 63А, 66, 66А, 68 и 69 ќе бидат пренасочени:

*кога се движат кон Центар во Маџари (Термо), ќе свртат лево по улица „Перо Наков“, кај „Тинекс“ ќе свртат десно на булевар „Киро Глигоров“ и преку надвозникот кон булевар „Александар Македонски“, па по редовната траса ќе сообраќаат до крајната постојка

*од Центар ќе сообраќаат по истата траса, односно од Автокоманда (постојка Алкалоид), по надвозникот ќе вртат десно на булевар „Киро Глигоров“, па лево по улица „Перо Наков“ и кај Термо десно на улица „Благоја Стефковски“, до крај по своите траси.