Утре е тежок празник: Одете во црква, но овие работи немојте да ги правите

|

Утре се празнува Преподобна Параскева-Петковден. Во народот позната како света Петка.

Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.

Во народните верувања се вели дека на овој ден не се работат тешки рачни работи, посебно жените не треба да месат леб и да перат, зошто се вели дека ќе им трнат рацете цела година.

Светата Православна Црква празнува три личности со исто име Петка (македонски) односно Параскева (грчки), поради што во народот се мешаат или пак се мисли дека се работи за иста личност.

-Првата св.Петка-Параскева се нарекува св.Петка Римјанка. Нејзиниот спомен се празнува на 26-ти јули по стар стил,или 8-ми август по нов стил. Таа животот го загубила маче-нички, исечената е за време на царот Антонио Пиј, па затоа правилно се нарекува “Света маченица Петка-Параскева Римјанка”.

-Втората св.Петка-Параскева се нарекува св.Петка од Иконија. Таа исто како и првата маче-нички го загубила животот за време на царот Диоклецијан. Нејзиниот спомен се празнува на 27-ми октомври по стар стил, или 10-ти ноември по нов стил. Нејзиното целосно име гласи вака “Света маченица Петка-Параскева Иконијска”.

Овие две светици се маче-ници додека “Света Петка-Трновска” е преподобна.