Утре е задушница – овој голем грев никако не го правете

ИЗВОРСкопје24
|

Православните христијани  утре ја одбележуваат Задушница. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите.

Задушница е секогаш во сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат вечните домови каде со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен.

На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните.

Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на вечен дом одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од истиот тој дом. Оваа Задушница секогаш е во сабота и е една недела пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела.

Седмицата пред Прочка се вика Месопосна недела. Овој период од седум дена до Прочка се нарекува и Сирна недела поради тоа што не се јаде месо туку се јадат млечни производи.

Од понеделникот по Прочка започнуваат големите, долги седум недели, Велигденски пости што траат до Воскресенито Христово – Велигден.