Утре и задутре нов сообраќаен режим на уште една улица во Скопје

ИЗВОРСкопје24
|

Во четврток и петок во периодот од 18 до 6 часот и во недела и понеделник во истото време на улицата Лазар Личеновски, поради снимање на филм од страна на ДФПУ „Вертиго висуал“ ДОО Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

Исто така посебен сообраќаен режим ќе биде воведен денеска и утре од 21 до 6 часот на булеварот „Илинден“ во близина на Градскиот поради снимање филм во организација на ДФПУ„ВЕРТИГО ВИСУАЛ“ ДОО Скопје.

Од овие причини, како што информира МВР, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.

Покрај овие две улици и патот којшто води кон населеното место Теферич и денеска ќе биде затворен за сообраќај поради изведување градежни работи.

Општина Кисела Вода апелира учесниците во сообраќајот да бидат трпеливи и да имаат разбирање додека се одвиваат работните активности.