Утре наутро Скопје Сити Мол ќе изврши противпожарна вежба

ИЗВОРСкопје24
|

Трговскиот центар Скопје Сити Мол соопшти дека согласно одредбите од Законот за заштита и спасување, утре со почеток во 07:30 часот ќе изврши тестирање на Системот за заштита и спасување.

Трговскиот центар е управуван од трговското друштво СЦМ РЕТАИЛ ДООЕЛ Скопје.

Тестирањето ќе биде спроведено со цел да се направи проверка на функционирањето на Кризниот Штаб на Трговскиот Центар на универзалната единица – просторните сили за заштита и спасување, како и начин да се тестираат протоколите за реакција во кризни ситуации.

Главната цел на вежбата е справување со пожар и евакуација на сите присутни вработени и посетители во трговскиот, како би биле подготвени за управување на најдобар можен начин со можни ризици и вонредни ситуации.

Евакуацијата ќе биде спроведена од страна на мониторинг центарот, оперативците од Агенцијата за обезбедување ОСА, како и учество на вработени од службата за хигиена во молот ХАУЗ МАЈСТОР ПЛУС.

Противпожарната вежба ќе биде изведена под надзор на стручни лица од Бригадата за противпожарна заштита и Кризниот Штаб на Универзалната единица за заштита и спасување на Скопје Сити Мол.

За време на вежбата строго ќе се почитуваат препораките за заштита од болеста.