Утре, на 8 ноември нè очекува полна Месечина во Бик, а таа ќе се поклопи со помрачување на Месечината, па астролозите тврдат дека овој период секогаш е обоен во драматични промени и изненадувања.
Ова е четвртото и последно помрачување годинава и од астролошки аспект истото значи многу интензивна енергија, многу неред, пресврти во блиските односи, срушени планови, но исто така тоа со себе носи и бројни лекции кои треба да ги совладаме за иднината да ни биде подобра.
Од тоа помрачување најмногу ќе бидат погодени знаците Бик, Лав, Шкорпија и Водолија, а еве за кои три знаци полната Месечина ќе донесе опуштен период кој исто така носи и добри шанси.
Близнаци
За вас ова ќе биде мирен период кога ќе уживате самите со себе, без претерано брзање по обврските. Потребно е добро да се одморите и да се релаксирате, а ова се денови кога себеси ќе можете да си дозволите многу работи. Наредниот период едноставно уживајте, наполнете ги вашите батерии и заборавете на проблемите – едноставно нема да ги имате. Исто така можно е да добиете и некои неочекувани, многу добри вести поврзани со семејниот живот.
Девица
Ова помрачување е идеално да се препуштите на вашите хобија – лесно би можеле да заработите и од тоа, затоа треба да ја искористите секоја шанса која ви се нуди. Финансиите инаку ќе бидат вашата моќна страна во овој период, можно е да добиете зголемување на платата или пак дополнително изненадување. Искористете го ова помрачување и да ги подобрите односите со своите блиски, деновите пред вас ќе бидат обоени со разбирање и компромиси.
Стрелец
Стрелците ќе имаат многу среќа и добри шанси кога станува збор за кариерата и напредувањето на работа. Тие исто така ќе уживаат и во добрата забава и убавите и секојдневни ритуали. Оваа полна Месечина ќе ви донесе и многу големи промени кога станува збор за начинот на којшто се грижите за себе – можно е да направите некоја физичка промена како менување на боја на коса или пак ќе почнете со некаква диета или нов метод на вежбање. Како и да е, наредниот период ќе ви биде наклонет и ќе ви донесе многу задоволства.