Утре поради протест ќе се блокира улица во Скопје

|

Утре, недела, 12 септември, во 12,30 часот граѓаните на Ѓорче Петров ќе ја блокираат улицата „Лука Геров“.

„Причина за протестот е тоа што еден месец граѓаните од краците 1, 3 ,5 , 7 се со раскопана улица и секојдневно ги оштетуваат возилата! Ивичњаците се поставени 15 сантиметри над нивото на улицата.

Пријавено е секаде, во Општина Ѓорче Петров, град Скопје и ЈП Улици и патишта! Од таму добиваме само лаги и навреди! Возилата зафаќаат, а некои што се прениски не ги ни внесуваат дома.

Над 150 куќи со отсечен пристап“, вели организаторот.