Утре сончево време со температура до 14 степени

ИЗВОРСкопје24
|

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб јужен, а во југоисточните делови умерен ветер од југоисточен правец. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од 4 до 14 степени.

Во Скопје претпладне со слаба магла и ниска облачност, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Следува период на стабилно, сончево време со умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка.

Во текот на ноќта кон недела во источниот дел од земјата ќе има зголемена облачност со услови за слаби врнежи од дожд, на планините од снег.