Утринава мраз, а попладне сонце со заби- метеоролозите со информации какво време не очекува наредните неколку дена

ИЗВОРСкопје24
|

Наутро студено и понекаде во котлините со појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 9 степени.

Во следните денови продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. Понекаде во котлините наутро ќе има услови за појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. За време на викендот ќе настапи промена на времето.

Најстудено утринава е во Берово каде се измерени -9 степени, а под нула се температурите и во поголем дел од земјава, освен во Претор и Гевгелија.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, утринава на повисоките места е ведро, а само во Крива Паланка дува ветер со повремено умерен интензитет. Магливо е во делови од скопско, Демир Капија, Битола и во Струмица.