Утрово силен земјотрес ја стресе Грција

ИЗВОРСкопје24
|

Грција утрово беше погодена од силен земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.

Според грчките медиуми, земјотресот бил регистриран на неколку километри од Хераклион во Крит.

Според Геодинамичкиот институт, земјотресот е откриен на длабочина од 13,6 километри, додека епицентарот бил на 20 километри од Хераклион, пренесуваат грчките портали.

Земјотрес со јачина од 3.2 степени според Рихтер во текот на вчерашниот ден беше регистриран и во Македонија.

Истиот беше 23 км од Гостивар, на длабочина од 2 километри.