|
Во Меленци се запали седумгодишно мало девојче кое си играло со оган и бензин. Несреќата се случила поладнево околу 12 и 30 часот.
Како што пишуваат српските медиуми девојчето неофицијално се играло со уште две деца во дворот. Децата ископале дупка, а настраданото девојче запалио хартија што претходно ја полила со бензин.
Пожарот избувнал и детето се здобило со изгореници по главата и телото. Итно е пренесена во болница КЦ Војводина во Нови Сад.