Ужива во базен: Марија Шерифовиќ се соблече во костим за капење (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Неодамна заврши овогодинешната 14-та сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ кое по многу работи беше скандалозно и многу интересно, а на крајот победата ја однесе токму кандидатот на Марија Шерифовиќ, Махир Мулалиќ.

Махир својата победа ја посвети на неговата мајка која за жал неодамна го изгубила животот од оваа нова болест која го зафати целиот свет.

По завршувањето на финалето, Махир гоствуаше по неколку емисии, а вчера го имаше и својот прв настап. Имено, тој настапуваше во Грчанин, а гост на концертот беше и неговата менторка Марија Шерифовиќ.

Пред започнување на настапот, Марија, Махир и други учесници во „Ѕвездите на Гранд“ на овие пеколни температури се опуштија во базен. Додека Шерифовиќ се одмараше во базен, победникот ја снимаше својата менторка и ја објави на „Инстаграм кратките приказни“.

„Шеки во бања по ЅГ“, напиша тој покрај објавата додавајќи и срценце.

Пејачката опуштена се разладува од високите температури, а кога забележи дека Махир ја снима, таа се насмеа и мавна со раката.