Уживаат заедно: Откриен мажот кој престојува во Цирих со Цеца (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Цеца Ражнатовиќ синоќа настапувала во Цирих. Очигледно е дека пејачката била возбудена пред настапот, па своите фанови ги информирала за подготвките пред настап.

Имено, Цеца објавила фотографија од луксузната соба во хотелот во кој престојувла, а во еден моменет го фотографирала мажот кој бил со неа на патувањето.

Иако многумина помислија дека станува збор за партнерот на Цеца, всушност се работи за нејзиниот фризер Стефан.

За љубовта на Светлана Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражантовиќ Аркан се зборува и пишува многу. Двојката се венча во далечната 1995 година и нивната свадба беше прогласена за свадба на деценијатаа. Иако денес Аркан не е меѓу живите, пејачката после него се нема премажено, а во повеќе наврати до сега има истакнато и дека не постои таков маж кој што би можел да го замени и да го завземе неговото место.

Јас него го викав Буцко, а тој мене Цецко. Ми нудеше сигурност каква што сакаат сите жени. Се фалеше дека сум го фатила со чоколадо, но не е така. Аркан мене ми купуваше чоколади. Запознав едно сосема друго човечко суштество од она кое ми го претставуваа. Тој беше строг со војската, со мене и децата беше златен, откри Цеца во едно неодамнешно интервју.