В недела пренасочување на сообраќајот во централното градско подрачје

loading...

Поради одржувањето на традиционалната атлетска улична трка во централното градско подрачје, в недела, во период од 16 до 17 часот затворени за сообраќај ќе бидат: улицата 11 Октомври од крстосницата кај Црвен крст, преку улицата Димитрие Чуповски до крстосницата кај ТЦ „Палома бјанка“, улицата Филип Втори Македонски од хотелот „Холидеј ин“ до крстосницата со улицата 11 Октомври.

Автобусите што ги опслужуваат линиите со број 50, 57 и 59 од Бит-пазар ќе се движат право по булеварот Кочо Рацин и улицата Кирил и Методиј и ќе продолжат по својата траса. Во обратна насока ќе се движат по улицата Даме Груев (зад зградата на Собранието), улицата 11 Октомври, булеварот Кочо Рацин и ќе продолжат по своите траси.

Линиите со број 3, 4, 4А, 5, 7, 15, 15А, 21, 22, 23, 24 ,25, 27 и 28 ќе се движат по булеварот Кочо Рацин, улицата Кирил и Методиј и ќе продолжат по своите траси. Во обратна насока ќе се движат по улицата Даме Груев (зад зградата на Собранието) и ќе продолжат по своите траси.

Линијата број 16 од Бит-пазар ќе се движи право по булеварот Кочо Рацин и ќе продолжи по своја траса во двете насоки.

Од Град Скопје апелираат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот режим на сообраќај и брзината на движење да ја приспособат на условите на патот.