ВАКА ИЗГЛЕДА ПОТРАГАТА НА ИНТЕРПОЛ ПО ИСЧЕЗНАТА ВАЊА ОД СКОПЈЕ

|

Интерпол вчера се вклучи во потрагата по исчезнатата 14-годишна скопјанка Вања Ѓорчевска, по која се трага веќе четврти ден. Министерството за внатрешни работи на Македонија формираше посебен штаб за потрага по Вања.

Принтскрин: Интерпол

Министерството за внатрешни работи продолжува со распит на сите лица кои биле блиски со Вања, проверувајќи и го компјутерот, прегледувајќи ги снимките од надзорните камери од објектите во областа каде што исчезна Вања.

Целиот регион се крена на нозе по исчезнувањето на 14-годишната Вања . Фотографијата на Вања со детален опис се споделува на социјалните мрежи, адресирана до секој кој може да помогне.